SEE Програмата

Социјално Претприемништво – Програма за Едукација е мултилатерален Европски проект спонзориран од (EACEA) Едукација, Аудиовизуелна и Културна Извршна Агенција на Европската Комисија под програмата за Доживотно Учење.

СПЕ Програмата се започнува од разбирање на високиот импакт кој Социјалното Претприемништво може да го има врз сегашните тешки времиња со кој се соочува цела Европа. Социјалното претприемништво во исто време значи и справување со социјални проблеми како што се сиромаштијата, невработеноста, стареење, едукација, здравје итн. Со организации кои се стремат да го максимизираат нивниот социјален импакт од колку  нивните приходи. Овој вид на организации имаат потенцијал да станат значаен дел од одговорот на моменталната економска криза.

Главна цел на СПЕ Програмата е да се развие програма за едукација и висок квалитет на образовни материјали за просперитетни веќе активни социјални претприемачи. За да се постигне ова, ќе биде земен превземен пристап од дното-нагоре, тргнувајќи од анализите на социјалните претприемачи, интервјуа со претприемачите и веќе постоечки програми.

СПЕ Програмата ќе ги донесе во партнерство претприемништвата, невладините организации, универзитетите и стартап центрите/инкубатори од цела Европа.